Пржени лепчиња со фил

Потребни состојки:

тост-леб
100 гр кашкавал
100 гр шунка
2 јајца
малку путер
сол
масло

Начин на подготовка:

Од лебот исечкајте ги рабовите, па со сукало истанчете го. Намачкајте го со путер и додајте ситно сечкани кашкавал и шунка. Преклопете и затворете ги рабовите. Повторувајте го процесот додека имате материјал. Разматете јајца, потопете го лебот и пржете неколку минути. Послужете ги лепчињата топли.

Scroll to Top