Овој едноставен рецепт за домашен пудинг се подготвува многу брзо, а вкусот е незаборавен.
Потребни состојки:
- 2 круши
- 50 грама путер
- 50 грама брашно
- 50 грама шеќер
- јајце
- лажиче ѓумбир
- лажиче изрендана кора од портокал
- 2 лажици сируп од ѓумбир
Начин на подготовка:
Исечете хартија за печење и ставете ја во садови за пудинг, кои претходно сте ги премачкале со путер. Убаво притиснете ја хартијата на дното од садот за да се намести добро до секој раб. Излупете ги крушите и исечкајте ги на ситни парчиња.
Во сад измешајте ги шеќерот, брашното, јајцата и путерот, додека не се формира тесто. Потоа додајте ги ѓумбирот и кората од портокал и измешајте со рака.
Во садовите за пудинг ставете лажичка сируп од ѓумбир, додајте ги крушите и прелијте ги со тестото. Ставете ги садовите во микробранова печка и печете околу 4 минути на највисока температура.
Кога пудингот ќе се излади малку, можете да го украсите со сируп, шеќер во прав и парчиња круша.