Рендани тиквици со сирење во рерна

Потребни состојки:

1 кг тиквици
200 гр сирење
2 лажици презла
2 лажици маслиново масло
лук
сол
зачинал
1 јајце

Начин на подготовка:

Измијте ги тиквиците и изрендајте ги на крупно. Посолете ги и оставете ги да се исцедат. Скршете едно јајце, додајте презла и зачин. Додајте сирење, изрендано или издробено. Измешајте ја смесата.

Ставете маслиново масло во тава за печење. Во тавата ставете ја смесата, па одозгора ставете уште малку маслиново масло. Печете во загреана рерна до 200 степени, додека не добие убава боја. Посипете со свеж лук и послужете.

Scroll to Top