Рецепт за домашна страчатела

Потребни состојки:

500 милилитри полномасно свежо млеко
3 јајца
200 грама шеќер во прав
5 грама ванилин шеќер
500 милилитри полномасна слатка павлака
1 пакување кондензирано млеко
150-200 грама црно чоколадо

Начин на подготовка:

Добро изматете ги јајцата со 100 грама шеќер и ванила. Истурете половина свежо млеко во јајцата, притоа постојано матете со миксер. Потоа истурете ја смесата од јајцата во преостанатото свежо млеко. Ставете го садот да се загрева неколку минути на тивок оган, мешајте, па потоа оставете го целосно да се излади. Изматете ја слатката павлаката со шеќерот, па внимателно додајте ја во смесата со јајцата додека матите со миксер. Дотурајте го кондензираното млеко со постојано мешање, а по желба додајте и шеќер во прав.

Префрлете ја смесата во соодветен сад за замрзнување и оставете ја во замрзнувач 3 часа. Во текот на овие 3 часа, 3-4 пати извадете го сладоледот и матете го со миксер. На овој начин нема да се формираат кристали. Во текот на последното матење додајте и ситно издробено црно чоколадо. Вратете го сладоледот во замрзнувач и оставете го целосно да замрзне. Сервирајте го домашниот сладолед во форма на топчиња и прелијте го со чоколаден прелив.

Scroll to Top