Рецепт: Зелена боранија

Посно и брзо за подготовка. За сите љубители на зеленчуковите јадења

Потребно е:

Едно пакување замрзната зелена боранија од Пекабеско

1 чешне лук

1 морков или Златна мешавина на Пекабеско

1 мала брокула

сол и рузмарин

маслиново масло

Во зовриена вода на оган ја бариме зелената боранија на Пекабеско. Откако боранијата е обарена и мека во тава на оган додаваме маслиново масло да се загрее. Во маслото додаваме ситно сецкан лук и пропржуваме додека лукот не порумени. Потоа во тавата ја додаваме боранијата, посолуваме и зачинуваме со рузмарин.

Во сад со зовриена вода го обаруваме морков и една помала брокула. Како гарнир можете да искористите и замрзната Златна мешавина на Пекабеско.

Подготвената боранија ја сервираме со обарениот зеленчук и брокула, како и половина лимон.

Scroll to Top