Рецепти за печено јагнешко

Јагнешко месо го зазема главното место на трпезата за Велигден, а за да биде поразновидна и побогата, пригответе вкусни и креативни јадења…

Овие рецепти сигурно ќе ги воодушеват сите членови на семејството.Младото јагнешко е со специфичен вкус, а ако добро се приготви, месото едноставно ќе се топи во устата и ќе се лепи за прстите.

 

Јагнешко со компир

Потребни состојки: 1,5 кг јагнешки бут, 1,5 кг компири, 100 мл млеко, јајца, 100 мл масло, 50 г путер, 50 мл бело вино, сол, црн бибер, лук.

Приготвување: јагнешкото месо посолете го, ставете му црн бибер и наполнете го со лук. Прелијте го со маслото и со белото вино и печете го два часа на 180 степени, а потоа извадете го од плехот. Компирите исечкајте ги на поголеми парчиња, посолете ги и наредете ги во плехот во кој се печело јагнешкото. Прелијте ги со павлаката изматена со јајцата, млекото и истопениот путер. Печенето јагнешко ставете го врз компирите и вратете го во рерната додека компирите не се испечат.

Валано јагнешко

 

Потребни состојки: 1,2 кг јагнешко филе или од гради, 3 китки блитва или спанаќ, 2 печени пиперки, рузмарин, суви билни зачини, масло, бело вино.

Приготвување: Месото одвојте го од коските, посолете го и посипете го со рузмарин. По него распоредете ги спанаќот или блитвата. Преку спанаќот наредете ги филетите од пиперки. Сето тоа завиткајте го во ролна и заврзете го со тенок канап. Ставете го во плех, прелијте го со масло, вода и со бело вино, па печете го околу 40 минути. Додајте зеленчук по желба, а потоа печете уште еден час. Сервирајте го со компир, тиквички или со моркови.

Scroll to Top