Предлог рецепт за посен ручек: риба ослиќ со зеленчук.
Состојки:
-600 гр ослиќ филети ,
-4 големи домати,
-4 главици кромид,
-4 лажици маслиново масло,
-2 лажици сецкан свеж магдонос,
-сол,
-пипер
Подготовка:
Се загрева рерната на 200 степени. Се мијат доматите и се сечкаат на тркалца.
Се лупи кромидот и се сече на тенки парчиња.
Се распределуваат доматите и кромидот на дното на огноотпорнен сад и се редат ги филетите од ослиќ над зеленчукот. Се попрскуваат со масло, сол и бибер по желба и се печат 30-40 минути. Непосредно пред сервирање, се додава сецкан магдонос. Се сервираат со варен компир.