Ролат со чоколада и лешници

Потребни состојки:

2 листа обланди
200 мл млеко
200 гр шеќер
200 гр путер/ маргарин
300 гр кршени бисквити
200 гр тостирани мелени лешници
2 лажици какао
5 лажици чоколадни трошки

Начин на подготовка:

Во длабок сад се ставаат млекото и шеќерот да зовријат. Потоа се додава маргаринот и се меша додека да се стопи. Во смесата се додаваат кршените бисквити и лешниците и се заедно убаво се меша. Смесата се дели на два дела. Едниот останува светол, а во другиот се додаваат какао и чоколадните трошки.

Обландите се ставаат на влажна крпа да омекнат и да примат влага. На едната обланда се распределува белиот фил, а на другата кафеавиот фил. Се ставаат една до друга и се почнува со мотање во ролат, од светлиот кон темниот дел, со помош на крпата. Убаво се стиска за да немате воздух меѓу слоевите.

Оставете го ролатот 1 час во фрижидер убаво да се олади и да се врзат филовите со обландата, па послужете го.

Scroll to Top