Ролат со банана

Потребни состојки:

За кората:
6 јајца
8 лажици шеќер
6 лажици топла вода
4 лажици екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
1 прашок за печиво
2 лажици какао

За филот:
250 мл слатка павлака
50 г шеќер во прав
100 г крем-сирење
2 поголеми банани

За глазурата:
100 г чоколадо
100 мл павлака за готвење

Начин на подготовка:

Белките се матат во цврст снег, постепено додавајќи шеќер. Потоа се додаваат една по една жолчките и се додава топла вода во тенок млаз непрекинато матејќи со миксер. Посебно се мешаат брашното, какаото и прашокот за печиво, па се додаваат во смесата и се мати со миксер на најмалата брзина. Плехот од рерната се обложува со хартија за печење и во него се излева смесата за кората. Се пече на 200 степени околу 15 минути. Печената кора заедно со хартијата се витка во ролат.

За приготвување на филот, слатката павлака се мати во шлаг, постепено додавајќи го шеќерот во прав. На крајот се додава крем-сирењето и кратко се мати со миксер. Оладената кора се одвојува од хартијата и се премачкува со филот. По должината на долната страна на кората преку филот се распоредуваат двете банани, па се витка во ролат.

Посебно се приготвува глазурата. Слатката павлака се загрева до вриење, па се прелева преку искршеното чоколадо и се меша додека се растопи. Глазурата се остава да се олади, па се прелева преку ролатот.

Scroll to Top