Ролат со праски

Потребни состојки:

5 поголеми јајца
100 гр шеќер
2 кесички ванилин шеќер
изрендана кора од 1 лимон
130 гр брашно
1 кесичка прашок за пециво
30 мл масло
1 кг праски
1-2 лажици растопен путер

Начин на подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките и оставете ги да стојат на собна температура. Изматете ги белките во цврст шлаг со постепено додавање на шеќерот. Додадете ги жолчките една по една. Додадете го маслото, изренданата кора од лимон и убаво изматете. На крај додадете го брашното во кое сте го ставиле прашокот за пециво и изматете со жица за матење. Ќе добиете малку погуста смеса.

Зрелите праски измијте ги убаво и исечете ги на листови до 1 см дебелина. Наредете ги исечените праски во тава за печење на која претходно сте ставиле подмачканата хартија за печење. Измешајте го шеќерот со двете кесички ванила и посипете ги праските. Ставете ја изматената смеса врз праските, израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

Испечената кора превртете ја на друга хартија за печење, малку поголема од тавата. Внимателно тргнете ја хартијата на која се печеше кората. Праските треба да ви дојдат свртени нагоре. Со долната хартија завиткајте ја кората како ролат. Ролатот оставете го да се излади и исечете го парчиња. Пред да го послужите посипете го со шеќер во прав.

Scroll to Top