Потребни состојки:
½ килограм макарони
2 кисели павлаки
чаша мајонез
½ килограм сечкана шунка
200 грама кашкавал
7-9 кисели краставички
5 варени јајца
малку сенф
сол и бибер
по вкус може да се додаде и грашок, пиперка, морков
Сварете ги макароните. Би требало да одберете поситни макарони, како што се полжавчињата или други поситни форми. Измијте ги, исцедете ги и оставете ги да се изладат. Кога ќе бидат добро изладени, додајте во нив 2 кисели павлаки, чаша мајонез, исечкана шунка, изрендан кашкавал, краставички, јајца и зачини. Сето тоа добро измешајте го.
Треба да ја направите салатата барем еден ден порано, бидејќи на макароните ќе им треба време да ја впијат.
Ако салатата е многу сува, бидејќи макароните ја впиле сета павлака, може да додадете уште малку павлака и салатата ќе биде посочна.