7 кг зеленчуци (пипер, зелен домат, карфиол, морков, зелка, краставички корнишони)
1 шолја есенција
1/2 шолја масло
300 гр шеќер
150 гр сол
1 пачетче бибер во зрно
Вкусна и убава зимска салата, со 6 различни зеленчуци во неа. Количините на зеленчуци ги бирате по ваш вкус.
Сепак, најдобро е 2 кг карфиол, 2 кг зелка, 1 кг морков, 1/2 кг зелени домати, 1/2 кг пиперки и 1 кг корнишони.
Ако некој од зеленчуците не ги јадете, слободно заменете ти го поголема количина со останатите. Битно е да имате 7кг зеленчук, кој одговара со останатите состојки.
Зелката се ренда, корнишоните се сецкаат на кругови, како и морковите и пиперките, доматите на коцки, а карфиолот на помали цветови. Се ставаат го голем, длабок сад. Убаво се мешаат. Одозгора се прелеваат со есенција, шеќер, сол и бибер во зрно, повторно се промешува, се затвара со капак и се остава да стои 24 часа. Во меѓувреме се промешува повремено.
Во чисти стерилни и топли тегли, се собира руската салата, со постојано притискање за да излезе воздухот. На крај се прелева со течноста која се создава при стоење на зеленчукот. Веднаш се затвараат и се редат во длабок сад.