Потребни состојки:
500 гр пилешки гради
10-12 шери доматки
1 голема главица кромид
10-12 бејби моцарела, може и маринирана
сол, црн пипер
маслиново масло, оцет балсамико
Начин на подготовка:
Зачинете го месото со малку сол и црн пипер. Загрејте ја добро тавата и додајте во неа неколку капки маслиново масло. Ставете го пилешкото филе да се пржи околу 10 минути. Кога месото е готово, може да го исечете на мали парчиња. Ставете го во сад и додадете ситно сецкан кромид, моцарела, шери домати, зачинете со сол и бибер по вкус, неколку капки оцет и маслиново масло.