Ако ви се јаде нешто лесно за вечера, салатата со боранија, печени црвени пиперки и бадеми е одличен избор за тоа. Оваа салата може да ја искористите и како гарнир со месо.
Состојки:
- 500 гр боранија (мешунки)
- 3 печени, па излупени црвени пиперки
- 2 чешниња лук
- парче стебло од целер
- по избор 2-3 лажици сечкани бадеми
- маслиново масло
- оцет бласамико
- сол
- бибер
Подготовка:
Избланширајте ја боранијата во топла вода, потоа исплакнете ја со ладна вода, и накрај процедете ја. Испечете ги пиперките на рингла или во рерна, а потоа излупете ги и исечете ги на помали парчиња. Додадете ја боранијата, а потоа и сечканиот целер и бадемите. Накрај додадете го изгмечемниот лук, сол, бибер, масло и балсамико оцет. Послужете ја салатата топла или ладна со бело месо или риба. Исто така можете да ја јадете само со парче црн леб.