Салата со пилешко

Пилешко за салата која лесно се подготвува.

Состојки:
– 200 гр пилешко бело месо
– 3 домати
– 1 пиперка
– 1/2 кромид
– 1 лажичка сос од домати
– 1/3 лажиче чили во прав
– 1/2 чаша рендано полу-тврдо сирење по ваш избор
– маслиново масло
– зелена салата
Прелив:
– 2 лажици маслиново масло
– 1 лажица балсамико
– 1 лажичка сенф
– сол, бибер

Подготовка:
Месото се сецка на парчиња. Се додава сол и  се пржи на масло заедно со ситно исечен кромид. Доволно е околу три до пет минути.
Потоа се додава малку вода, 150 милилитри, се промешува сосот од домати и се остава да врие околу пет минути.
Доматите и пиперките се сечатна мали парчиња и се ставаат во подлабок сад.
Може да се додаде и зелена салата по избор.
Се мешаат сите состојки на преливот и се прелива салатата, се додава ренданото сирење и добро се меша.
Прво се става салатата во садот за сервирање, а потоа се додава месото заедно со сосот од динстањето. На крај се додава уште малку рендано сирење и малку бибер.

Scroll to Top