Шарен колач со кокос и какао

Потребни состојки:

200гр маргарин
1 шолја шеќер (од 250мл)
3 јајца + белка
2 шолји брашно
250мл кисела павлака
5 лажици млеко
2 лажици какао
1 кесичка прашок за печиво

За топчињата:

200гр крем сирење
4 лажици шеќер
1 жолчка
1 кесичка ванилин шеќер
7-8 лажици кокосово брашно

За крем:

350мл млеко
150гр шеќер
3 лажици бело брашно
1 кесичка ванилин шеќер
100гр маргарин

Начин на подготовка:
Прво направете ги топчињата. Измешајте ги сите состојки додека не добиете тврда смеса. Ако има потреба, додадете уште кокосово брашно. Наредете ги на послужавник и замрзнете ги половина час. Потоа мекиот маргарин измешајте го со шеќерот, додадете ги јајцата и белката, киселата павлака, прашокот за печиво, па на крај млекото. Измешајте и полека додавајте го брашното. Мешајте со миксер додека не добиете мазна смеса.

Половина од тестото ставете го во калап за печење. Во другата половина ставете какао, па темниот дел прелијте го преку светлиот во тавата за печење. Топчињата кои ги замрзнавте, ставете ги во тестото со еднакво растојание. Печете на 180 степени 40-45 минути.

Додека колачот се пече, направете го кремот. Измешајте ги шеќерот и брашното, додајте ја ванилата и полека додавајте го млекото со постојано мешање. Ставете на средно топла рингла и варете додека грутките не исчезнат. Кремот оладете го и додајте 100гр маргарин. Измешајте со миксер. Премачкајте го колачот кој е претходно целосно изладен и украсете со рендано чоколадо или какао.

Scroll to Top