Шарена туршија во тегли

Потребни состојки:

5 кг пиперки
1 карфиол
1 кг краставици
2 моркови
1 кисело јаболко
200 гр лути пиперчиња
150 гр сол
120 гр есенција
5 гр конзерванс
10 гр винобран
ловоров лист
црн пипер во зрно
4 л вода

Начин на подготовка:

Зеленчукот добро измијте го, исечкајте го на тркалца и наредете го во големи тегли. На крајот притиснете со пластични притискачи.

Во водата ставете сол, есенција, црн пипер и ловор, ставете го пресолот малку да се стопли, па прелијте во теглите и затворајте ги со капачиња. Превртете ги теглите наопаку да се вакумираат. Проверете ја туршијата по два дена, а ако треба долијте уште малку пресол. Чувајте ја туршијата на студено и темно место.

Scroll to Top