Шарена туршија за подобар имунитет

Се ближи крајот на летото, што значи дека доаѓа време за подготовка на зимница.

Зимно време имаме помалку овошје и зеленчук на располагање, а витамини и минерали ни се најпотребни во тој период. Најдобар начин да ги зачувате е да направите зимница. Ви носиме рецепт за шарена зимска салата, која не само што убаво изгледа и е вкусна, туку е и многу здрава и се препорачува за зајакнување на имунитетот.

За да ја подготвите, потребно ви е:

  • кг краставици
  • 1 кг моркови
  • 1/2 кг зелени домати
  • 1/2 кг зелени пиперки
  • 1 кг карфиол
  • 1 кг зелка

Прелив за салата:

  • 750 мл алкохолен оцет
  • 250 гр шеќер
  • 150 гр сол
  • 250 мл вода
  • 1/2 литар масло
  • 1 кесичка бибер во зрно
Scroll to Top