Имате желба за слатко? Не посегнувајте по нездрави колачи полни со шеќер. Наместо тоа направете го овој прекрасен освежителен овошен шејк и уживајте во неговиот одличен вкус.
Потребни состојки за една порција:
– 50 грама смрзнати малини
– 100 мл јогурт
– 1 лажица мед
– 1 банана
– малку ѓумбир
– малку цимет
Подготовката не може да биде поедноставна. Сите горенаведени состојки сипете ги во блендер и блендирајте се додека не добиете хомогена смеса. Шејкот пресипете го во висока чаша и послужете