Шеќери треба да се внесуваат и во текот на диетата

Шеќерот е важна хранлива состојка за нашиот организам и најважна храна за мозокот. Но, шеќерот е многу токсичен, што значи дека оксидира, односно уништува одредени супстанции во нашето тело, особено протеините. Тоа се случува ако во организмот внесуваме премногу шеќер.

Дури и во здравата храна понекогаш има мали количини шеќер во други преработени облици – декстроза, фруктоза, мед, гликозен мед, јаворов сируп, јачменов слад. Доклку не сакате да се откажете од благото кафе, шеќерот заменете го со вештачки засладувачи. Повеќето вештачки засладувачи не содржат калории, а доколку ги има, тоа се минимални количини.

Шеќер во организмот мора да се внесува. Тајната е да го внесувате умерено. Тој се наоѓа и во продуктите што се сметаат за здрави, но треба да се внимава на количината: медот, пченката и јачменовиот слад, овошните концентрати, нерафинираниот сушен сок од шеќерна трска, сирупот од шеќерна трска и агавин-сирупот имаат шеќер. Затоа, дури и при диета земајте ги, но во многу мали количини.

Scroll to Top