Потребни состојки
350 грама шпагети без глутен
400 грама доматен сос
200 грама туна во маслиново масло
40 грама сардини
150 грама тиквици
1 чешне лук
3 супени лажици маслиново масло
оригано, сол и бибер
Начин на подготовка:
Измијте ги и исушете ги тиквиците, па исечете ги на коцки. Во нелепливо тавче загрејте 3 супени лажици маслиново масло и додајте го излупеното чешне лук. Пржете ги тиквиците, па кога ќе омекнат додајте ги сардините и доматниот сос. Тргнете ги од оган кога сосот ќе почне да врие. Додајте туна и оригано. Извадете го чешнето лук од тавчето и оставете го на страна. Ставете вода да зоврие во длабок сад. Додајте сол и сварете ги шпагетите. Исцедете ги и измешајте ги сосот. Ставете ги тестенините во тавче и мешајте додека не испари водата. Сервирајте ги свежи со мелен бибер по вкус.