Потребни состојки:
Кекс:
2 јајца
200 гр брашно
200 гр шеќер
6 лажици какао
1 лажичка печиво
2 пакетчиња ванилин шеќер
80 мл масло
150 мл млеко
100 мл сварено кафе
Крем:
500 мл слатка павлака
1 лименка засладено кондензирано млеко (380 мл)
1 шлаг крем од чоколадо
Начин на подготовка:
Најпрвин испечете го кексот. Измешајте ги сувите состојки, па додајте ги течните. Убаво измешајте со маталка, миксер не ви е потребен. Печете во правоаголна тава, која претходно сте ја намрсиле и набрашниле, на 180 степени, дваесетина минути. Проверете со чепкалка дали е печено. Кога ќе се излади, со врвот на сукалото направете дупки во тестото. За кремот изматете ја слатката павлака, па додајте го кондензираното млеко. Убаво измешајте и прелијте ја смесата врз кексот. Протресете ја тавата за да се наполнат дупките. Ставете ја во замрзнувач околу три часа. Изматете ја кесичката шлаг според упатството на производителот и премачкајте го колачот. Украсете го одозгора по желба и прелијте го со карамел-сос.