Сладолед од јагоди со цели парчиња

Состојки:

  • 400 гр. јагоди
  • 500 мл. шлаг
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 1 лимон
  • 1 ванилен шеќер

Во чинија измешајте јагоди, шеќер, мед и сок од лимон и оставете го да отстои петнаесет минути. Јагодите ќе омекнат и ќе пуштат доволно сок за да можете сè заедно да го изгмечите со вилушка. Така сладоледот ќе биде повкусен ако останат парчиња овошје, отколку сè заедно да изблендирате.

Изматете го шлагот со малку шеќер во прав и ванилен шеќер, потоа додадете ги изгмечените јагоди и добро измешајте. Ставете ја смесата во замрзнувач и матете со миксер на дваесет минути, сè додека сладоледот не се згусне. Вкупно ќе ви бидат потребни околу четири часа да се замрзне, а пред служењето извадете го на петнаесет минути за да може убаво да го сервирате со лажица.

 

Scroll to Top