Слатко од дуња

Потребно е:

  • 1 кг дуња
  • 800 гр шеќер
  • 1 лимон
  • можеби грст ореви

Подготовка:

Исчистете ги дуњите, ставете ги во два литра вода во која претходно сте исцедиле лимон или 1 лимунтус (или винобран) за да не поцрнат. Истурете 2 литри вода во друг лонец, па со решетка извадете ги дуњите од лимонтусот и ставете ги да се варат 6-7 минути.

Ако ставите сте ги ставиле дуњите во винобран, најпрво исплакнете ги под млаз вода. Во вториот лонец ставете шеќер, а потоа додадете околу 200-300 мл вода, така што ќе го карамелизирате. Извадете ги дуњите со решетка и се додадете ги во карамелизираниот шеќер.

Варете ги околу еден час. Kога на површината ќе излезат густи бели меурчиња, а дуњите ќе станат кашести, тогаш ќе знаете дека слаткото е готово. Можете да додадете и ванилин шеќер по желба.

Кон крајот, исечете еден лимон на кругчиња. Можете да го претурите џемот додека е врел во тегли и да го превртите или да го покриете лонецот со влажна крпа. Најдобро е да го оставите покриен преку ноќта, а потоа да го претурите во тегли.

Scroll to Top