Потребно:
1 кг дуњи
500 г шеќер
2 чаши вода
сок од 1 лимон
2-3 ливчиња слаткарче
Приготвување:
Исчистените дуњи изрендајте ги на крупно ренде. Сварете сируп од шеќерот и вода, додадете ги дуњите и варете додека не почнат да се згуснуваат. Додадете го и сокот од лимон и ливчињата слаткарче и топлото слатко префрлете го во загреани тегли и затворете ги.