Слатко од сливи со мед

Медот е природен конзерванс и благодарение на него, вкусните сливи лесно се одржуваат во текот на зимата.

Состојки:

  • 1/2 кг сливи
  • 250 до 300 гр мед

Подготовка: Измијте ги здравите сливи и отстранете ги семките. Ставете ги во чист сад и прелијте ги со сварениот мед од претходно. Покријте ги и оставете да отстојат неколку часа. За тоа време, сливите ќе испуштат вода. Истурете го овој сируп во друго тенџере и ставете го на оган да се свари, а сливите наредете ги во чисти тегли. Откако ќе се излади сирупот, прелијте ги сливите со него. Затворете ја теглата и оставете да се вари (стерилизира) околу пет минути, на 80 степени.

Scroll to Top