Слатко од сливи со ореви

Потребни состојки:

  • 3 кг сливи
  • 1,5 кг шеќер или малку повеќе
  • 10 мл оцет
  • 2 стапчиња цимет
  • 2 зрна каранфилче, истолчени
  • 1 лажиче лимунтус 
  • 1 чаша ореви, малку печени

Подготовка: Измијте ги сливите, поделете ги на два дела и отстранете ги семките. Наредете ги во длабоко тенџере збиени едни до други. Посипете ги со шеќер, па наредете го вториот ред сливи и повторете ја постапката со шеќерот. Оставете ги да отстојат на ладно место неколку часа или една ноќ.

Потоа истурете вода во тенџерето, додадете цимет и каранфилче и ставете го во рерна. Почекајте сирупот да зоврие, а потоа исклучите ја рерната. Оставете го слаткото да се излади.

Следниот ден, повторно ставете го кратко во рерна да проврие.

Повторете ја постапката и третиот ден, тогаш сирупот веќе треба да биде доволно густ. Измешајте го слаткото со сок од лимонтус и претурете го во тегла, меѓу сливите ставете печени ореви. Затворете ја теглата и стерилизирајте ја пет минути.

Scroll to Top