Слатко од зелени смокви

Потребни состојки:

1 кг зелени смокви,
2 литри вода,
2,2 кг шеќер,
2 ванилин шеќер,
2 лимона

Начин на подготовка:

Смоквите измијте ги, отсечете им ги петелките и со игла боцнете ги на две места. Прелијте ги со ладна вода и ставете да се варат во девет води. Потоа смоквите процедете ги и оставете ги на решетка додека го приготвувате шербетот.

За шербет: шеќерот ставете го во тенџере, налијте го со ладна вода и ставете на оган да се вари, не предолго за да не згусне многу. Ставете ги смоквите внатре за убаво да се сварат. Кога смесата ќе добие густина, на 5 минути пред крај, додајте ги лимоните исечени на тркалца и ванилиниот шеќер. Готовото слатко тргнете го од оган и покријте го со влажна крпа да отстои 10 минути. Потоа повторно вратете го на оган да проврие за да испари сокот што го испуштиле смоквите со стоењето. На овој начин никогаш нема да се расипе или зашеќери. Повторно тргнете го од оган, отстранете ја пената и покријте го со влажна крпа. Нека отстои преку цела ноќ, а следниот ден ладното слатко собирајте го во тегли кои се чуваат на ладно место. Од оваа количина се добиваат 4 тегли од 400 грама.

Scroll to Top