Сочна лазања со пилешко

Потребни состојки:

700 гр пилешко бело месо
тесто за лазањи
230 гр крем-сирење
1 коцка пилешка супа
¼ чаша зовриена вода
230 гр моцарела
700 мл сос од домати

Начин на подготовка:

Во длабок сад загрејте посолена вода и ставете го тестото за лазањи да омекне. Потоа измијте го со ладна вода и оставете го настрана. Во друг сад сварете го пилешкото месо. Ставете малку вода колку да го покрие месото и варете 20-ина минути. Во ¼ од зовриената вода ставете ја коцката супа, а потоа помешајте ја со исечканото пилешко, крем-сирењето и половина од моцарелата. Во подмачкана тава ставете тесто за лазањи, па сосот од домати, одозгора додајте ја мешавината со пилешкото, а потоа повторно тесто за лазањи. Повторувајте по истиот редослед сѐ додека имате материјал. Кога ќе стигнете до последниот ред на тестото за лазањи, над него ставете го остатокот од моцарелата.

Лазањите печете ги во рерна загреана на 175 степени околу 45 минути.

Scroll to Top