Сочни кременадли со сенф

Потребни состојки:

2 кременадли (може и повеќе)

масло

сол

црн пипер

сув зачин

1-2 лажици брашно

малку кари

малку сенф

1 лажица ајвар

1 поголемо чешне лук

Начин на подготовка:

Поврзани објави

Добро исчукајте ги кременадлите, посолете ги, додајте зачин, црн пипер и сенф, па секоја од нив извалкајте ја во брашно. Пропржете ги на масло додека не заруменат од двете страни. Во истото масло пропржете малку брашно, па додајте ајвар и една шолја вода.

Премачкајте една тепсија со масло, па наредете ги кременадлите и прелијте ги со смесата. Озгора исечкајте лук.

Печете на 200-220 степени околу 40-45 минути. Послужете ги со пире од компири.

Scroll to Top