Потребни состојки:
1 кисело млеко
4 јајца
во 2 канчиња од кисело млеко брашно
1 кесичка прашок за пециво
во половина канче од кисело млеко зејтин
Начин на подготовка:
Сите состојки се ставаат во длабок сад. Се меша со лажица додека да стане компактна. По желба се додава сирење или други ситно сечкани намирници по желба. Соланиот колач се пече во подмачкан плех оросен со брашно. Печете 30 минути на 200 степени во претходно загреана рерна.