Солен колач со спанаќ и павлака

Потребни состојки:

300 гр спанаќ
3 јајца
200 мл павлака за готвење
250 гр брашно
1 прашок за печиво
3 лажици масло
1 лажиче сол
50 гр сирење

Начин на подготовка:

Спанаќот се мие и се чисти, па се бланшира со вода. Се цеди и суши, па се сечка. Се матат јајцата и павлаката со жица. Во смесата се додава масло, сол, брашно и прашок за пециво. Се меша за да се добие хомогена смеса. На крајот се додаваат сирењето и спанаќот. Смесата се става на подмачкан плех. Се пече на 180 степени околу половина час.

Scroll to Top