Солен ролат со афион и зденка

Потребни состојки:

6 белки
1 лажиче сол
4 лажици брашно
2 лажици афион

Фил:
3 зденки
200 грама сирење
200 грама кашкавал
150 грама шунка

Начин на подготовка:

Белките убаво изматете ги за да добиете смеса како снег. Додајте ги солта, брашното и афионот и внимателно измешајте. Плехот од рерната прекријте го со хартија, намаслете ја и малку побрашнете ја. Ставете ја смесата со белките да се пече во загреана рерна на 200 степени околу десет минути. Печеното тесто ставете го врз навлажнета кујнска крпа и завиткајте ја во ролат додека не се олади. Кога ќе се олади ролатот премачкајте го тестото со павлаката.

Зденката, сирењето, изренданата шунка и кашкавалот ставете ги во сад за да се соединат, па ставете ја смесата врз тестото. Свиткајте во форма на ролат. Ставете го во фрижидер да се стегне, па послужете го.

Scroll to Top