Солена торта без печење

By

Потребни состојки:

450 г мешан зеленчук за руска салата (готова мешавина)
5 компири околу 250 г
4-5 варени јајца
сок од 1 лимон
6 лажици мајонез
2-3 лажици кисела павлака
30 г желатин
сол, црн пипер по вкус
калап 26х10 см

Начин на подготовка:

Компирот, излупете го и ставете го да се вари. Кога ќе остине, исечкајте го на ситни коцки. Готовиот мешан зеленчук варете го 10тина минути, исплакнете го со ладна вода и исцедете го. Ставете го во чинија за добро да се излади, па додадете го сварениот, процеден компир. Кога ќе се подизлади, прелијте го со лимонов сок за да не поцрни зеленчукот и промешајте. Посолете и забиберете по вкус. Јајцата сварете ги и излупете ги.

Од водата во која се варел зеленчукот издвојте 100 мл за да растворите 30 г желатин (3 кесички). Промешајте и оставете неколку минути за да набабри, па на тивок оган загрејте го за да се растопи. Во посебен сад измешајте ги павлаката и мајонезот, па од смесата додавајте по малку во растопениот желатин за да се соедини, па целата смеса додадете ја во зеленчукот.

Калапот со димензии 26х10 см обложете го со проѕирна фолија, па во него излејте половина од смесата. Во средината наредете ги целите јајца и одозгора додадете ја преостанатата смеса. Калапот ставете го во фрижидер, најдобро преку ноќ за убаво да се стегне. Следниот ден превртете ја солената торта на чинија за сервирање, отстранете ја фолијата, па декорирајте по желба.

Ќе ви се допадне