Солени рафаело-топчиња

Потребни состојки:

1 парче пилешко бело месо
200 грама фета сирење
2-3 моркови
целер
малку магдонос
1 лажица мајонез
1 лажица кисела павлака
7 маслинки полнети со пиперки
брашно
50 грама кашкавал
200 грама сусам
2 јајца
4 кисели краставички
масло
сол, мелен црн пипер

Начин на подготовка:

Сварете го пилешкото месо. Свареното месо тргнете го на страна, а во водата додадете целер, магдонос, моркови и зачинете со сол и бибер. Оставете зеленчукот да се вари 40 минути. Сомелете ги месото и зеленчукот во блендер или со машина за мелење и истурете ги во подлабок сад. Додадете краставички исечени на коцки и сирење фета. Додадете рендан кашкавал, павлака и мајонез. Земете од смесата, направете плескавици и во средината ставете ги полнетите маслинки, па направете топче. Топчињата валкајте ги во брашно, јајце и сусам. Пржете во загреано масло.

Scroll to Top