Сушени шери домати во маслиново масло

Овој рецепт не е толку популарен кај нас, но во последниве години сè повеќе луѓе сакаат да пробаат необична зимска храна.

Состојки:

  • 1 кг шери домати
  • 2 лажички сол
  • 2 лажички шеќер
  • малку лук
  • малку рузмарин
  • многу маслиново масло

Подготовка

Измијте ги доматите, исечете ги на половина и наредете ги на плех со хартија за печење. Прелијте ги со малку маслиново масло, а потоа посипете шеќер и сол. Оставете да се сушат во рерна два часа на 100 степени со вентилатор или малку повеќе, во зависност од рерната. Постоа оставете ги да се изладат во неа.

Во тегла исечкајте малку лук, додадете рузмарин, а потоа наредете ги во неа доматите и накрај прелијте ги со масло. По неколку дена, можат да се јадат. Откако ќе ја отворите теглата, чувајте ја во фрижидер.

Scroll to Top