Сутлијач со бело чоколадо

Состојки:

750 мл млеко
250 мл слатка павлака
250 гр ориз
малку сол
2 кесички ванилин шеќер
100 гр бело чоколадо
црвено овошје

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во тенџере, освен белото чоколадо. Се готви на средна температура мешајќи повремено 20-ина минути додека смесата не се згусне. По тоа, се трга од оган, се додава чоколадото и се меша додека не се растопи. Се истура сутлијачот во сад и се украсува со џем и малини, може да се јаде топло или ладно.

Scroll to Top