Сутлијашот спаѓа во традиционални ориентални десерти, а сутлијашот со јагоди може да биде само специјалитет меѓу овој вид слатки. Искористете ја сезоната на ова овошје, па издрадувајте се себеси и своите најблиски со оваа брзински десерт.
Состојки:
- 1 литар млеко
- 1 ванилен шеќер
- пола лажичка цимет
- 1 портокал
- 30 мл масло
- 300 грама ориз
- 1 кг јагоди
- 1 лимон
- 300 гр шеќер
- 175 мл сок од портокал
- 200 мл кисела павлака
Начин на подготовка:
Во сад на оган истурете го млекото, додадете ванилен шеќер, цимет, ситно изрендана кора од лимон и измешајте. Во друг сад на оган истурете масло. Додадете ориз и промештајте, потоа додадете го млекото од првиот сад, заедно со 50 грама шеќер и повторно промешајте.
Во помал сад на оган истурете го сокот од портокал, додадете 150 гр шеќер и промешајте. Кога сок ќе зоврие, сместата додадете ја во садот со оризот. Кога сутлијашот ќе се свари, тргнете го садот од оган. Додадете павлака, 500 грама исечкани јагоди, промешајте и оставете го сутлијашот да се излади. Преостанатите јагоди ставете ги во блендер, додадете сок од лимон, 100 грама шеќер и изблендирајте.
Со алатка може да го вадите сутлијашот од садот и во форма на топка сервирајте го во чинија. Сутлијашот прелијте го со изблендираните јагоди, по желба, можете одозгора да нанесете и кокосово брашно.