Свежите сливи се најсилен антиоксиданс

Според нутриционистите, на врвот на листата од 24 вида овошје, најсилно антиоксидативно дејство имаат сливите. Сувата слива во однос на другото суво овошје има двојно поголема антиоксидантна моќ. И свежите и сувите сливи се богати со калиум, влакна, витамини, а во траги може да се најдат магнезиум и железо. Во 100 грама сливи има дури 87 грама вода и 11 грама јаглеродни хидрати. Од витамини има најмногу Ц и Е, бета-каротин, фосфор, магнезиум, натриум.

Сливите може да се јадат на неколку начини, но се препорачува да се јадат наутро бидејќи имаат и голема енергетска вредност, но и најбргу го прочистуваат телото. Затоа, можете да си подготвите овошен јогурт со сливи така што во обичниот јогурт ќе додадете исечкани и излупени сливи и мед.

При купувањето сливи се препорачува плодовите да бидат цврсти, неоштетени и да имаат дршка. Површината треба да биде малку замаглена, што е показател дека со сливата добро се постапувало. Имајќи предвид дека бргу дозреваат, во фрижидер може да се чуваат до три дена. Доколку, пак, решите да ги замрзенете, не чувајте ги во ладилникот повеќе од три месеци.

Scroll to Top