Тајната на сараевските ќебапи

Тајната на оригиналните сараевски ќебапи е во доброто месо, начинот на подготовка и тоа што смесата мора да отстои, откриваат сопствениците на ќебапчилниците од Сараево.

Потребни ви се: 1,5 килограм мелено говедско месо, 0,5 кг јагнешко месо, 4-5 чешниња лук, сол, бибер и 2 лажички сода бикарбона.

Начин на подготовка:

Месото се сече на коцки и се меша со сол, се прелева со околу 100 мл вода и во смесата се додава лукот што е претходно сварен. Смесата се промешува и се остава преку ноќ во фрижидер. Следниот ден, се меле во машина за месо два пати. Се остава да отстои неколку часа на собна температура, а потоа се враќа во фрижидер. Пред да почнете да ги обликуваате ќебапите, во смесата додадете сода бикарбона и бибер. Печете ги на скара на дрва или јаглен.

 

Scroll to Top