Телешко месо во сос од сливи и вино

Состојки:

  • 600 гр телешки бут
  • исечкана сланина на коцки
  • 30 гр путер
  • 2 лажици масло
  • 100 гр сливи
  • 80 гр корен од целер
  • 2 моркови
  • 80 гр кромид
  • 100 мл бело вино
  • 1 сноп магдонос
  • 2 лажици сув зачин

Подготовка: Посипете го телешкиот бут со сув зачин, а потоа испржете го во мешавина од путер и масло. Додадете  сланина и ситно сечкан кромид, рендан морков, целер и сливи. Додадете вода и оставете го да се пржи. Потоа извадете го месото и ставете го врз чинија.

Зеленчукот и сливите ставете ги во блендер за да добиете густ сос. Додадете малку вода и вино во сосот, потоа вратете го месото и оставете го кратко да се вари. Сервирајте со ситно сечкан магдонос од страните. Послужете го јадењето топло.

 

Scroll to Top