Tиквички со шунка и кашкавал

Потребни состојки:

3 средни тиквички
3-4 јајца
100 гр брашно
150 гр шунка
200 гр кашкавал
180 гр кисела павлака
сол, вегета, црн пипер

Начин на подготовка:

Тиквичките се лупат и се сечат по должина, па се ставаат во цедалка со сол. Така се оставаат 30 минути. Се цедат, па се валкаат во брашно. Ставете масло да се загрее, па испржете ги тиквичките. Ставете ги на салфета да ја впијат маснотијата.

Внатрешноста на огноотпорен сад премачкајте ја со масло. Ставете ред тиквички. Врз нив ставете шунка и изрендан кашкавал. Повторувајте додека да ги потрошите сите состојки. На страна измате ги јајцата со павлаката. Со оваа смеса прелијте ги тиквичките. Одозгора изрендајте кашкавал. Печете на 200 степени 30-ина мин. Послужете ги топли.

Scroll to Top