Тирамису без печење

Потребни состојки:

21 парчиња пишкоти,
200 мл ладно кафе или какао,
250 г маскарпоне,
200 г смеса за шлаг,
60 г шеќер во прав,
какао за декорација

Начин на подготовка:

Во подлабок сад се става смесата за шлаг и се мати со миксер додека добие убава шлагеста форма. Постепено додавајте го шеќерот со постојано матење со миксерот. Откога ќе се соединат шеќерот и шлагот, престанете со матење. Додајте го шеќерот и повторно изматете, а потоа додајте го маскарпонето и повторно матете со миксерот. Во правоаголен калап ставете малку масло и намастете го калапот на дното и по страните. Потоа со салфетка пребришете го калапот доколку има премногу масло. Во калапот ставете проѕирна фолија и убаво вдлабнете ја низ целата површина. Во меѓувреме сварете какао или кафе и оставете да се излади настрана. Земајте по една пишкота, натопете ја во кафето и започнете да ги редите пишкотите вертикално во калапот. За оваа постапка ќе ви требаат 21 парчиња пишкоти. Јачината и видот на кафето го одредувате вие, а може да користите и какао. Во првиот ред се редат 7 пишкоти, по три во ред и една хоризонтална на средина, потоа се премачкува со дел од шлагестата смеса и убаво се распоредува. Се повторува постапката со редење на пишкоти и во вториот ред. Во првиот и вториот ред се искористува по половина и се сочувува малку настрана. Потоа се реди и третиот ред од пишкоти (вкупно 21) по истиот редослед. Колачот се завиткува во проѕирната фолија одозгора и се остава да отстои во фрижидер 10 минути. Потоа се одвиткува од фолијата и се префрла со другата страна во друг правоаголен сад. Одозгора се премачкува со преостанатиот дел од смесата со шлаг. На крајот се наросува со какао по желба на површината на колачот. По желба се става уште малку да отстои во фрижидер доколку имате време, за уште малку да се стврдне колачот и да се олади.

Scroll to Top