Тирамису со јагоди

Потребни состојки:

500 грама јагоди,
6 жолчки,
300 грама шеќер,
2 децилитри бело вино,
500 грама хопла,
1 пакетче пишкоти,
какао

Начин на подготовка:

Изматете ги жолчките, шеќерот и виното и мешајте на пареа додека не се згусне и не добиете мазна смеса. Додајте ја хоплата. Во смесата ставете ги исечканите јагоди и измешајте. Дното на садот прекријте го со пишкоти. Потоа ставете дел од филот, па пак пишкоти и повторувајте додека имате фил. Пред да го послужите колачот, наросете какао и одозгора ставете јагоди.

Scroll to Top