Топено сирење со печени пиперки

Потребни состојки:

3 печени пиперки
400 гр овчо сирење
150 гр фета сирење
250 гр кашкавал
1 домат
1 лажичка буковец
1/2 лажичка оригано
Потребно е уште маслиново масло и свеж магдонос

Начин на подготовка:

Прво ги печеме пиперките, ги лупиме, ги сечеме и ги ставаме во земјен сад подмачкан со масло. Потоа овчото сирење исечено на парчиња го редимe врз пиперките. Поросуваме со буковец. Рендаме половина од кашкавалот. Фета сирењето исечено на коцки го ставаме врз кашкавалот. Врз него го ставаме остатокот од кашкавал, па поросуваме со буковец и оригано. Го сечеме на ситни коцки доматот и го ставаме најгоре. Врз него додаваме малку свеж магдонос. Ставаме малку маслиново масло врз доматите. Печеме во загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути, за да се стопи сирењето и да порумени. Се служи топло.

Scroll to Top