Торта еклер без печење

 

Потребни состојки:

2 кесички пудинг од ванила
3 големи шолји млеко (околу 750мл)
1 шолја слатка павлака
бисквити

Глазура:
1/3 шолја какао
1 шолја шеќер
1/4 шолја млеко
110гр путер (стопен)
1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Подгответе го пудингот и штом малку се излади измешајте го со претходно изматената слатка павлака. Наредете еден ред бисквити па прелијте со филот од пудинг и павлака. Повторете ја постапката уште двапати или додека имате фил. Глазурата подгответе ја така што ќе ги ставите какаото, шеќерот и млекото во длабок сад да вријат околу 1 минута со постојано мешање. На крајот додадете го екстрактот од ванила и путерот и убаво измешајте. Вака подготвената торта оставете ја да се стегне во фрижидер преку ноќ.

Scroll to Top