Торта со плазма и јагоди без печење

Потребни состојки:

600 гр мелена плазма
250 гр маргарин
200 гр шеќер во прав
2 дл сок од портокал или лимон

Фил 1:

јагоди по желба
250 гр маргарин
2 чаши кисела павлака
200 мл слатка павлака
12 лажици шеќер во прав
рендана кора од лимон

Фил 2:

200 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

Во сад ставете ги плазмата, маргаринот и шеќерот. Со рацете направете смеса, па малку по малку додавајте сок од портокал и месете сè додека не добиете изедначена мазна смеса. Во плех или калап за торта формирајте кора. Маргаринот изматете го со шеќерот, па додадете кисела павлака, кора од еден лимон и изматена слатка павлака. На подготвената кора ставете половина бел фил, одозгора наредете јагоди, па повторно прекријте ги со бел фил. Изматете ја слатката павлака и нанесете ја врз кората. По желба изрендајте чоколадо или додадете сируп од чоколадо. Оставете ја во фрижидер да се стегне и излади неколку часа.

Scroll to Top