Торта со ресана и малини

Потребни состојки:

За тестото:

300 гр мелени бисквити
200 гр мелени ореви
100 гр шеќер во прав
100 гр путер
200 мл сок од портокал

За филот:

1 л млеко
3 кесички пудинг од ванила
3 лажици густин
200 гр шеќер
200 гр путер
2 кутии ресана од малини
300 гр малини

Начин на подготовка:

Подгответе го прво пудингот според упатството на кесичката, со тоа што во смесата од прашок и млеко ќе го додадете и густинот. Откако ќе го сварите пуднигот, нека се олади. Изматете го омекнатиот путер и додавајте го лажица по лажица во млакиот пудинг. Постојано матете со миксерот додека смесата не се соедини.

Додека пудингот се лади, подгответе го тестото. Сите состојки за тестото ставете ги во длабок сад. Мешајте ги со рака и гмечете додека не се соединат. Сокот од портокал додавајте го постепено, можеби нема да ви требаат сите 200 мл. Во тркалезно тавче или стаклен сад со кружен облик, прво ставете го тестото. Натапкајте го со помош на прстите или со лажица и внимавајте да биде цврсто. Врз тестото ставете малку од филот, помалку од ¼ за ресаните убаво да се залепат. Чоколадниот дел од ресаните нека биде свртен надолу. Врз нив ставаете ги малините. Тие ќе пуштат малку сок, а тој ќе се впие во кексот дел од ресаните. Врз нив додајте го остатокот од филот, лажица по лажица за рамномерно да го нанесете и да не ги измешате со малините. Тортата украсете ја со шлаг, слатка павлака или чоколадна глазура, и неколку малини за декорација.

Scroll to Top