Традиционален рецепт за сарма

Потребни состојки:

 

2,5-3 кг листови од кисела зелка

800 гр јунешко месо

200 гр свинско мелено месо

150 гр чадена сланина

400 гр ориз

2-3 средни главици кромид

100 мл масло за готвење

1 лажичка сол

црн пипер

магдонос

3 лажички црвен пипер

7-8 лаворови ливчиња

 

Начин на подготовка:

Кромидот исечкајте го и пржете го додека да зацрвени. Додајте ги меленото месо и сланината, која претходно сте ја исечкале на мали парчиња. Ставете го оризот и пржете уште малку, па зачинете со црн и црвен пипер и сол по вкус. На крајот ставете го магдоносот. Свиткајте ги сармите и наредете ги во длабоко тенџере, а меѓу нив ставете го лаворот. Прелијте ги со жешка вода. Покријте го тенџерето со капак или со алуминиумска фолија и варете ги најмалку 2 часа.

Scroll to Top