Традиционално топено сирење

Правењето топено сирење во домашни услови е многу едноставно, повкусно од купеното и не содржи хемикалии. Има конзистенција како вистинско топено сирење, но е поздраво, бидејќи нема вештачки додатоци.

Состојки:

  • 500 гр домашна урда
  • 1 јајце
  • 1/2 шолја сода бикарбона
  • 2/3 лажичка сол

Се додава по желба:

  • сечкана шунка на мали коцки (или др. сувомеснат производ)
  • сусам
  • мешани зачини
  • лук во прав

Се става домашната урда во сад, се додава јајцето, пола шолјата сода бикарбона и 2/3 лажичката сол. За производот на крај да не биде зрнест, се мати со миксер или блендер. По матењето базата треба да е хомогена смеса, густа како кисела павлака.

Во тенџере поголемо од садот со смесата се става вода, па над него се става садот со смесата, само да не допира во водата. Се става на шпорет да проврие водата, па се намалува температурата и се меша постојано.

По 10 минути основата за топено сирење ќе стане течна, тоа значи дека почнала да се топи. Не се престанува со мешање и треба да продолжи да се вари.

По 10-15 минути смесата ќе се згусне и ќе стане леплива. Може да се додадат мелени зачини, лук и сол. Се вади садот од тенџерето со вода и се префрла смесата во земјен сад премачкан со путер.

По желба се додава сечкана шунка и се наросува од горе со сусам. Се става уште 5 мин во загреана рерна на 220 Ц да зарумени и да фати кора. Потоа се остава да се олади, за сирењето да се стегне. Се сервира со крцкаво лепче.

Scroll to Top